Вучиќ: Се подготвувам за мојата прва официјална посета на Кина, таа ќе биде од историско значење за Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се подготвува за својата прва официјална посета на Кина и нагласи дека двете земји негуваат челично пријателство кое, меѓу другото, се темели на меѓусебно почитување на територијалниот интегритет. Вучиќ изјави дека многу пати бил во Кина во работни посети, но дека сега ќе ја посети Кина како службено лице и дека е исклучително задоволен од честа што му е укажана.
„Му сум благодарен на претседателот Си за поддршката што ѝ ја пружи на нашата земја, секогаш во политичка, економска и во секоја друга смисла. И мислам дека оваа посета можеби ќе биде од историско значење за нашата земја. Премногу сме мали за да бидеме од историско значење за Кина, но ќе биде за нас“, рече Вучиќ за време на обиколката на кинеската фабрика „Јусеј машинери“ во Мерошина. Тој, исто така, укажа на поддршката на Кина за територијалниот интегритет на Србија. „Исто како што ние во Србија немаме проблем да кажеме дека Тајван е Народна Република Кина за нас, дека го поддржуваме принципот на една Кина, како што еднаш рековме за Хонг Конг. Ние целосно ја поддржуваме политиката на Кина, која се темели на нормите на меѓународното јавно право и Повелбата на Обединетите нации“, рече Вучиќ.
Тој, исто така, изрази надеж дека ќе има повеќе нови кинески инвестиции во Србија, кои ќе обезбедат нови работни места и ќе го зголемат животниот стандард.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Се подготвувам за мојата прва официјална…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Погубен е екс директор поради примање мито
Во Кина поранешен извршен директор на компанијата…
(Видео) Огромен пожар во станбена зграда во…
Најмалку 12 лица загинаа во пожар во…
Вучиќ: За година и пол ќе се…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сè…