Вучиќ се сретна со Петков: Се зајакнува соработката меѓу двете држави
Претседателот Александар Вучиќ денеска се сретна со премиерот на Бугарија Кирил Петков, со кого разговараше за билатералните односи, зајакнувањето на енергетската соработка меѓу двете земји, како и инфраструктурни и економски прашања од заеднички интерес.
Вучиќ посочи дека проектот за гасоводот Баклански ток е од суштинско значење за соработката и развојот на регионот и дека почетокот на изградбата на интерконектор за гас во Димитровград ќе обезбеди сигурно снабдување со гас и диверзификација на изборите за снабдување.
Двајцата соговорници констатираа дека завршувањето на изградбата на интерконекторот меѓу Србија, Бугарија и Грција ќе придонесе за уште поголема стабилност и енергетска безбедност во регионот.
Претседателот му се заблагодари на бугарскиот премиер за неговото искрено пријателство и целосна посветеност на развојот на блиските соседски односи меѓу двете земји.
Петков предложи и интензивирање на соработката меѓу српските и бугарските бизнисмени и експерти од областа на информатичките технологии, како и формирање балкански стартап компании.
„Нашите пазари се мали, затоа треба да работиме заедно на подобри перформанси на трети пазари, но и да размислиме за создавање нов балкански центар за информатичка технологија“, рече Петков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…