Објавено на:

Вучиќ: Следи тежок период, се плашам од поголеми конфликти

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека ќе следи тешка ситуација на Косово, нешто што досега не можеше ниту да се сонува поради провокативните постапки на Албин Курти.


„Се плашам од општа несигурност, нестабилност, но и големи конфликти, бидејќи Србите не можат да го толерираат тоа, а знам дека овој, кој предизвика се, копнее и фантазира да биде Зеленски и нема да се повлече“, рече тој во шоуто Хит Твит“ на ТВ Пинк.

Вучиќ нагласи дека луѓето мислат дека тоа за што зборува е можеби некој задолжителен бирократски дел, бидејќи не разбираат дека нешто опасно се случува.

Тој рече дека добил пораки од странските амбасадори дека се загрижени за настаните.

Тој посочи дека Србите сигурно нема да седат со скрстени раце и секако ќе протестираат барајќи да им се вратат зградите кои режимот на Курти ги зазел со употреба на полициска сила.

Тој најави дека во наредните денови во Братислава ќе има средби со францускиот претседател Емануел Макрон и со словачката претседателка Зузана Чапутова. Потоа, додаде тој, ќе отпатува за Кишињев на состанок на Европската политичка заедница, на кој ќе учествуваат 46 европски лидери.

Тој рече дека очекува средба со словачкиот и чешкиот премиер, како и со новиот претседател на Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија и Египет потпишаа Договор за слободна…

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ…

Земјотрес со јачина од 3.8 степени ја…

Земјотрес со јачина од 3.8 степени пред…

Запалено српското знаме во Косовска Митровица

Непознати лица го запалиле српското знаме во…

Србија планира изградба и модернизација на 2.000…

Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката…

Курти бара меѓународната заедница да ја притисне…

Меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија…