Вчера пет лица лишени од слобода, шест пријави за семејно насилство
На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода е Д.Г.(49) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека првин во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга.
На 15.03.2026 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(45) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет.
На 15.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(42) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 20 годишен син.
На 15.03.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово, 29-годишник од Тетово пријавил дека во семејниот дом физички бил нападнат од неговиот постар брат А.Б..
На 15.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С.(65) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата ќерка и нејзиниот малолетен син.
На 15.03.2026 во 14:30 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 79-годишен татко, дека му упатувал закани.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 8 март дури осум пријави за…
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…
Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…
Лишен од слобода насилник од охридско, во…
Судска постапка за пет деца за ужасното…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…
Го натепале затоа што им рекол дека…
МВР го потврди настанот со претепаното лице…
Агресивен зет со тврд и остар предмет…
Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…