Гаревски за мостот „Беласица“: Експертизата ќе покаже какви санции се потребни

t

На барање од Градот Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени ќе направи експертиза и проверка на сигурноста и оштетувањата на мостот, којашто се состои од визуелна инспекција, недеструктивни тестови, односно земање примероци за проверка на носивоста на бетонот и на оштетената арматура, а исто така ќе направиме на одредени места земање кернови, коишто поточно ќе ни ја покажат состојбата на бетонот. Добро е што како репер ќе ни служи другата страна на мостот којашто воошто не е оштетена, вели Михаил Гаревски од ИСОГКП.

– Јас направив само првична визуелна инспекција. Видни се оштетувања од аспект на отпаѓање на бетон којшто е како резултат на висока температура, но исто така и на гасењето со вода. Големата температурна разлика на водата и огрнот доведува до такви отпаѓања на бетонот, но на главната носива конструкција не може да се види дека арматурата е откриена, што не е случај со горната плоча, каде има отпаѓање на бетонот и арматурата може да се види, но тоа не е носив елемент на конструкцијата – додаде тој, на денешната заедничка пре-конференција со градоначалничката Данела Арсовска, токму од мостот „Беласица“.

Тој појаснува дека по првичната визуелна проценка, ако овој систем беше обичен армирано-бетонски композит можеше да се каже дека мостот ќе може одма да се пушти во употреба, но ова е покомплициран систем, БОГ систем, и особено е тешко, но добро е што во Градот постои проектот, којшто е направен од реномирана фирма од Белград, а изведбата ја правеше „Бетон“.

Смета дека експертизата која ќе ја прави институтот не би смеело да биде повеќе од 20 дена, но таа ќе покаже дали треба санација.

– Секако, треба да се направи некоја санација. По експертизата ќе заклучиме дали треба посериозна санација, иако на прв поглед не личи така. Секако ќе треба да се направи дополнително зајакнување, што ќе овозможи брзо пуштање на мостот. Прво со една лента или некое пробно товарење, а потоа ќе може да кажеме дека можеби нема да треба некоја санација на главниот систем – додава Гаревски.

Објасни дека во прописите и во европските и кај нас, не се бара заштита од пожари, иако ризикот мостот да се сруши од пожарот е три пати поголем отколку од земјотрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан ги налути: Европа се плаши од…

Група од 67 членови на Европскиот парламент…

(Фото) Многу јако: Цигари, патики, штрафилици –…

За време на продолжениот викенд и во…

Гренел: Албин Курти е проблем и сите…

Американската амбасада во Приштина синоќа соопшти дека…

Филипче го повика Мицкоски веднаш да ги…

Доколку Мицкоски поседува било какви информации за…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…