Гаши утре во Софија на билатерална средба со претседателката на бугарскиот Парламент Доцова: Нашите ставови за уставните измени се познати

t

Претседателот на Собранието Африм Гаши утре во Софија ќе има билатерална средба со претседателката на бугарскиот Парламент Михаела Милчева Доцова на маргините на конференцијата на Процесот за соработка во ЈИЕ, на која ќе има обраќање.

Гаши на денешниот брифинг со новинарите рече дека темите за разговор ќе бидат соработка на парламентарно ниво, бидејќи досега немало некоја интензивна соработка, а во однос на уставните измени, нагласи, дека ќе ги повтори нашите веќе познати ставови. Тоа, како што кажа, се ставови на државата, но и негови лични.

– Треба да разговараме, треба да одиме напред, да најдеме начин како да бидеме заедно во ЕУ. Мислам дека иднината треба да не спојува а не минатото, така што одам со позитивна мисла и сакам да учествувам во подобрување на односите помеѓу нашите две држави и два парламенти – рече Гаши.

Во однос на соработката на Парламентите рече дека поради нивната политичка ситуација и честите избори во Бугарија немало можност да се воспостави директна добра комуникација со нивното Собрание.

– Сега се трудиме со новиот состав, после парламентарните избори таму да воспоставиме добра комуникација – рече Гаши.

На состанокот во Софија веќе присуствуваат двајца пратеници, на кои Гаши утре ќе им се приклучи.

Минатата недела во Софија на состаноци во рамки на ПСЈИЕ со кој претседаваше Бугарија учествуваа претседателката Гордана Сиqановска Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши утре во Софија на билатерална средба…

Претседателот на Собранието Африм Гаши утре во…

Фекалии ја затворија плажата во Варна

Регионалниот здравствен институт на бугарскиот град Варна…

Трагедија во БиХ: Маж ја убил сопругата…

Убиство и самоубиство синоќа ја потресе Босна…

Нов сомнителен случај на Ебола предизвика паника…

Здравствените власти во Израел го зголемија нивото…

Косовската полиција заплени оружје и муниција во…

Косовската полиција објави дека претресла три локации…