Генералштабот реферираше кај Претседателот за борбената готовност на армијата

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира врховниот командат на вооружените сили и претседател на државата Стево Пендаровски за борбената готовност на Армијата во тековната 2021 година.
На реферирањето, кое е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот, ќе биде презентирана состојбата во Армијата по функционалните области кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, моралот, операциите во земјата и странство, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка, како и за трансформацискиот процес во Армијата.
На брифингот за борбената готовност најавено е присуство и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, генералите во Армијата и членови од Кабинетот на претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Дедо Мраз слета со хеликоптер во…
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска присуствуваше…
Владата одлучи: Македонски војници ќе се испраќаат…
На денешната владина седница на предлог на…
Припадниците на АРМ ќе добијат покачени плати…
Припадниците на Армијата на Република Македонија од…
БРУКА, до кое дереџе е АРМ?! Косовскиот…
Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај,…
Радев пресече: Бугарската армија мора да се…
Во никој случај не треба да се…