ГЕНЕРАЛ АПОСТОЛСКИ: Не ни требате, му реков на бугарскиот командант на дивизијата која без мост не ја минуваше Пчиња, длабока до колена
На денешен ден, 7 август 1987 година, почина македонскиот народен херој, генерал Михајло Апостолски.
Тој беше командант на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, член на Президиумот на АСНОМ и народен херој.
Апостолски е еден од најзаслужните за ослободување на Македонија во Втората светска војна.
Денес Воената академија на македонската армија го носи неговото име, а бележиме едно негово сеќавање од НОБ од крајот на војната:
„Кога дојдовме до Пчиња, нè пресретна еден бугарски полковник. Се претстави дека е командант на Петтата дивизија. Го прашавме зошто седат тука, а тој ни одговори дека не можат да ја поминат реката, па чекаат да им донесат материјал за да направат мост, а Пчиња тогаш беше длабока само до колена“, раскажува Апостолски.
Тогаш, продолжува во своите сеќавања генерал Апостолски, енергично му реков да ја врати дивизијата, зошто нам не ни е потребна.
„Му реков и тоа дека Скопје е веќе ослободено, иако знаев дека таму уште се водат борби. Бев многу лут поради нивните саботажи. Патем слушав како Радио Софија јавува дека нивните војски го ослободиле Велес, а тие не ни видоа како изгледаше Велес кога се водеа борби за негово ослободување. Потоа, дека го ослободиле и Штип, што беше невистина зашто бугарската војска беше 30 километри далеку од Штип кога се водеа борби за негово ослободување. На полковникот му го истурив сиот гнев што го имав собрано слушајки ги вестите на Радио Софија и го вратив назад”, раскажува Апостолски.
Генерал Апостолски е роден на 8 ноември 1906 година во Штип, а почина на 7 август во Дојран. Тој беше академик на МАНУ и еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски…
Добро е што се усвои извештајот, но…
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Палестина бара прекинот на огнот да се…
Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала, денеска…
Претседателот на НСП: Не се знае дали…
Веројатно по примерот на приватизираните фирми кои…
Левица: МВР не демантира дека тендерот за…
МВР не демантира дека тендерот за партиски…