Георгиевски за резолуцијата за Сребреница: Сите силни бугарски патриоти за македонското прашање се скрија во глувчешки дупки

t

Расправата за Резолуцијата на ООН за Сребреница во соседна Бугарија полека се претвара во фарса. Бугарскиот парламент немаше кворум. Сите силни бугарски патриоти за македонскиот вопрос (прашање на македонски јазик) се скрија во глувчешки дупки, вака реагира екс-премиерот и лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски за ситуацијата во Бугарија по гласањето за резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Според него, ова понизно однесување кон Србија фрла и нова светлина за ветото кон Македонија.

-Изгледа привразаниците на Договорот за вечно пријателство од 1937г. меѓу Бугарија и Југославија не се малку. Инаку овој договор дојде по трите средби на Александар Караѓорѓевиќ со Цар Борис и превратот 1934 со кој се забрани ВМРО, со кој Бугарија се откажува и од Македонија и од македонските Бугари и де факто нема ништо против ако Македонците се асимилираат како Срби. Денешната ситуација многу потсетува на тоа дека договорот е активен, стои во објавата на Георгиевски.

Бугарскиот парламентот требаше да се состане на вонредна седница в недела поради скандалот околу резолуцијата за Сребреница. Ова ќе се случи само 7 дена пред претстојните избори за европратеници и за нови народни претставници.

На дневен ред на пратениците беше предвидено сослушување на вршителот на должноста премиер и министер за надворешни работи Димитар Главчев поради доставените документи дека тој ѝ наредил на бугарската амбасадорка во ОН, Лечезара Стоева, да гласа „воздржано“ во име на Бугарија и покрај тоа што Софија е меѓу коспонзорите на документот со кој минатиот четврток датумот 11 јули беше потврден како „Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница“. Меѓутоа, таа одбила. Според неофицијални информации, наредбата на Главчев, кој е и министер за надворешни работи, дошла по притисокот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на барање на српскиот претседател Александар Вучиќ. ГЕРБ јавно демантира дека му се мешале на Главчев, а преодната влада во скандалот виде „хибриден напад“.

Бугарија беше еден од коспонзорите, покрај Македонија, на резолуцијата, чии предлагачи беа Германија и Руанда, а според утврдените правила во ОН тоа значи и дека ќе гласаат за неа.

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со став дека амбасадорот во ОН, Љубомир Фрчкоски требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…