Герапетритис: Нема да толерираме војната во Украина да се прошири на Медитеранот
Грција го засили дипломатскиот притисок врз Украина откако минатата недела беше пронајден украински поморски дрон кај Лефкада. Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис порача дека ширење на војната во Украина на Медитеранот „нема да се толерира“, пренесе „Катимерини“.
„Секое претворање на Медитеранот во театар на воени операции, нема да се толерира“, рече Герапетритис по средбата со својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман во Атина, додавајќи дека Грција „ќе се погрижи Медитеранот да остане море на мирот, кое им припаѓа на неговите народи“.
Инцидентот предизвика загриженост во Атина откако минатата недела во близина на Лефкада беше откриен морски дрон, за кој грчките власти се сомневаат дека е од украинско потекло и дека имал за цел да нападне руски брод во Средоземното Море. Според грчките власти, станува збор за таканаречен дрон „камиказе“ од типот „мамаи“, кој украинските сили го користат во Црното Море, а бродот наводно бил опремен со експлозиви.
Украина постојано негираше какви било информации за дронот, додека истрагата за потеклото и мисијата на уредот сè уште е во тек во објектите во Скарамагас во близина на Атина.
Атина ги информираше сојузниците во НАТО и Европската Унија за случајот, изразувајќи загриженост дека конфликтот од Црното Море би можел да се прошири кон Медитеранот и Егејското Море.
Грчките власти, исто така, предупредуваат на можни економски и еколошки последици во случај на напад во близина на брегот, вклучувајќи ги и ризиците за комерцијалните танкери во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герапетритис: Нема да толерираме војната во Украина…
Грција го засили дипломатскиот притисок врз Украина…
Еден загинат и најмалку 30 лица повредени…
Најмалку 31 лице е повредено во руските…
Иран постави пет услови за да влезе…
Иран нема да влезе во втората рунда…
(Видео) Украинската војска тврди: Снимивме НЛО
Вишиот технолошки советник за војување со дронови…
Зеленски: Повредени и загинати во најновите руски…
Моментално има повеќе од сто руски беспилотни…