Германија бара работници од цел свет

Германија има намера да бара работна сила во земји надвор од Европа како Бразил, Мексико и Индонезија, изјави германскиот министер за труд Хубертус Хајл.
„Заедно со претставниците на економијата работиме на стратегија во земјите каде што на пазарот на трудот има многу повеќе млади и добро квалификувани работници отколку што домашните пазари на труд можат да апсорбираат“, изјави Хејл за германските медиуми.
Тој изјави дека Германија ќе инвестира во стручно оспособување на младите на лице место, а луѓето кои ќе дојдат во Германија ќе имаат корист од добро платена работа што им дава можност да ги финансираат своите семејства дома.
Хејл и германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во јуни треба да отпатуваат во Бразил за да ја разгледаат можноста за доаѓање на поголем број негувателки, кои се повеќе од потребни на германскиот пазар на труд.
Германија треба да склучи слични договори со Мексико и Индонезија, а Хејл во февруари ја посети Гана со истата цел.
Германската влада води разговори за привлекување работна сила и со Колумбија, Тунис, Мароко, Египет, Индија, Филипини и Виетнам, објави Б92.
Институтот за германска економија кон крајот на минатата година објави дека во агенциите за вработување биле пријавени над 630.000 работни места кои не можеле да се пополнат поради недостиг на одредена работна сила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) “Големиот патриот” Милошоски за време на…
"Големиот патриот" Антонио Милошоски во 2001 година…
Шолц бара светот да се обедини околу…
Германскиот канцелар Олаф Шолц остро ја нападна…
Средба Османи-Бербок: Германија е најгласен поддржувач на…
Во рамки на учеството на 78-то Генералното…
Украина одби да прими стари тенкови Леопард…
Како што наведе Дер Шпигел, Киев не…
Бербок: На многу Германци не им е…
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок…