Германија воведува нови построги мерки: Поради ширење на Омикрон се затвораат сите клубови, собирање на максимум 10 лица

t

Мерките против пандемијата од Ковид-19 договорени на 21 декември, за да се ограничат контактите и да се спречи ширењето на омикронот, ќе стапат на сила на целата територија на Германија во вторник.

Во целата држава важи правилото за собирање најмногу на десет лица, не сметајќи ги децата до 14 години. Ова правило важи без разлика дали се вакцинирани или невакцинирани. Доколку меѓу овие лица има невакцинирани лица, тогаш важи правилото дека насобраните можат да бидат едно домаќинство, а најмногу две лица кои припаѓаат на друго домаќинство.

Од денеска се затворени и сите клубови и дискотеки со исклучок на сојузните покраини Берлин и Хамбург. Овде се дозволени клубови, но танцувањето е забрането. Наместо тоа, дозволени се културни настани како изложби или литературни собири.

Од вторник се одржуваат спортски настани пред празни трибини. Собири на отворено се дозволени до 200 луѓе само со примена на дозвола за пристап на вакцинирани или оние кои го прележале вирусот. Истото важи и за културните настани како кино или театар. Овие мерки стапуваат на сила денеска во неколку сојузни покраини, другите провинции веќе ги спроведоа овие мерки во последните денови.

Остануваат во сила мерките за ограничување на пристапот до работно место и јавниот превоз само за вакцинирани лица, оние кои имале коронавирус или оние кои биле негативно тестирани. Пристапот до угостителските објекти по правило им е дозволен само на оние кои биле вакцинирани или кои имале коронавирус.

Останува на сила забраната за продажба на пиротехнички средства, што во вторникот ја потврди и Управниот суд во Берлин, со што ја отфрли тужбата на групата трговци. Забраната за продажба на пиротехнички средства втора година по ред се објаснува со потребата од растеретување на здравствените установи поради големиот број повредени на новогодишната ноќ во последните години и со тоа ослободување на капацитетот за заболените од коронавирус.

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох во вторникот забележа остар пораст на инфекции со коронавирус од новиот сој омикрон. Експертите од институтот стравуваат дека реалните бројки ќе бидат многу поголеми поради празниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карантин во цела Кина! Огромен број на…

Поради зголемувањето на бројот на заболени од…

Сијарто бара оставка од европските лидери кои…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

Инфлацијата во ЕУ надмина 11%!

ИНФЛАЦИЈАТА во Европската унија забрза во октомври…

Од Украина во Европа пристигнале речиси осум…

Од 24 февруари, кога започна воената операција…

Ако Европа “не ја сака” има кој…

Азиските земји сега сочинуваат две третини од…