Германија го проучува декретот на Кремљ за плаќања за рускиот гас во рубљи

Германската влада соопшти денеска дека го „испитува“ декретот на Кремљ дека плаќањата за рускиот гас сега мора да се вршат во рубљи, што ги зголеми стравувањата дека испораките ќе бидат прекинати.
Берлин и западните партнери инсистираат на тоа дека нивните договори со руски компании јасно наведуваат дека нивните плаќања може да се вршат исклучиво во евра или долари.
Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер вчера го критикуваше како обид за „уцена“ секое инсистирање на Москва сега да се плаќа во рубљи во услови на западни санкции поради војната во Украина.
Претседателот на Русија, Владимир Путин претходно ги предупреди „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, дека ќе бидат исклучени од рускиот гас доколку не отворат сметка во рубљи за да платат за испораката.
Заменик-портпаролот на германската Влада Волфганг Бухнер денеска рече дека Берлин ја добил „уредбата“ во писмена форма и дека ја оценува „за да се утврди специфичното влијание“.
Портпаролката на Министерството за економија на истиот брифинг рече дека е прерано да се процени ефектот на новата руска политика, но истакна дека кон Газпром банката, задолжена за спроведување на политиката, има „10 дена да ги објасни деталите за постапката“ за плаќање.
Германија и Австрија во средата ги активираа своите планови за вонредни состојби за обезбедување гас, бидејќи се зголеми загриженоста дека Русија би можела да ги запре испораките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Син на поранешен функционер повикан во полиција…
Денеска бил приведен син на поранешен екс…
Прв потврден случај на африканска чума кај…
Случај на мошне заразната болест африканска чума…
Довербата на Французите во Макрон е на…
Довербата на францускиот народ во претседателот Емануел…
Ковачев: Македонија бега од спроведување на договорите…
Во јануари се очекува ЕП да усвои…
Голема акција на грчката полиција- во Солун…
Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот…