Германија е најголем трговски партнер на Македонија
Германија е најголем трговски партнер на Република Македонија, но и на повеќето земји во Европа, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци на ММФ.
Германија е најголемата економија во Европа и најважен трговски партнер на над половина од европски земји. Втората европска економија Велика Британија, пак, не е најголем трговски партнер на ниту една земја во Европа. Франција, третата по моќ економија на стариот континент, е најзначаен трговски партнер на Шпанија и на Германија, а четвртата европска економска сила Италија е на Албанија, Хрватска, Малта и Ватикан.
Иако САД и Кина имаат силни економски релации со Европа, тие се најзначајни трговски партнери само на многу мал број европски земји. САД се најголем трговски партнер на Велика Британија и на Ирска, а Кина само на Русија. За Турција и Белорусија, пак, најзначен партнер во трговијата е Русија, а за Украина тоа е Полска.
Доколу Европската унија се гледа како на единствен трговски блок, таа би била најголемиот трговски партнер на сите земји во Европа, освен на Белорусија, која најмногу тргува со Русија.
Најголемиот трговски партнер се одредува според вкупната вредност на увозот и извозот заедно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е малолетната Југословенка која родителите ја…
Во полицискиот извештај, кој сега е декласифициран,…
(Фото) Злоупотреба на службени возила во Гевгелија
Кога со пренамена на средства од буџетот…
Исчезнала среде бел ден во населено место,…
Повеќе од една година семејството Јанкови живее…
„Човештвото се соочува со огромна катастрофа“ –…
Северна Кореја предупреди дека Јапонија наводно се…
Еве зошто филмовите од 90-тите се подобри…
Додека модерната кинематографија сè повеќе се потпира…