Германија забрани да се емитува руска телевизија

t

Комисијата за регистрација и надзор на германскиот медиумски регулатор МАББ го забрани емитувањето на телевизијата РТ ДЕ во земјава поради немање лиценца.

„Комисијата за регистрација и надзор официјално го забрани организирањето и емитувањето на програмата RT DE во Германија на 1 февруари, бидејќи нема неопходно одобрение согласно законот за медиуми“, се вели во соопштението.

Покрај сателитското емитување, регулаторот побара и да се прекине емитувањето на програми на порталот, преку мобилните апликации и смарт ТВ апликациите RT News.

Истовремено, германската страна смета дека телевизијата не може да бара издавање на други лиценци кои се во сила во ЕУ.

РТ ДЕ ќе поднесе жалба до судот против оваа одлука, објави заменик-главниот уредник на РТ Ана Белкина, нагласувајќи дека телевизијата ќе продолжи да емитува програми од Москва.

Претходно, германскиот медиумски регулатор МАББ го принуди европскиот сателитски оператор „Еутелсат 9Б“ да го отстрани од својата платформа новиот телевизиски канал на германски јазик „РТ ДЕ“, кој емитува програма од студио во Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем…

Албанија и Црна Гора постигнаа поголем напредок…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

На Германија и требаат 300.000 нови станови…

Бројката од годишната прогноза за потребите за…