Германија има рекордни 84 милиони жители поради украинските бегалци
Приливот на украински бегалци во Германија е причината поради која таа земја достигна нов рекорд со повеќе од 84 милиони жители, соопшти германскиот завод за статистика.
До крајот на јуни, бројот на жители на Германија се зголемил за 843.000 луѓе или еден отсто во однос на крајот на 2021 година. За споредба, бројот на жители во текот на целата 2021 пораснал за само 82.000 луѓе или 0,1 отсто.
Околу 750 украински бегалци дошле во Германија, бегајќи пред руската инвазија од почетокот на 2022.
Повеќето избегани се жени, соопшти статистичкиот завод, наведувајќи дека до крајот на јуни во Германија живееле 501.000 украински жени и девојки повеќе отколку на крајот на 2021, додека бројот на украински мажи и момчиња пораснал за 248.000.
Германија доживеа пораст на населението од овие размери во 1992 и 2015 година.
Во 1992 година, набрзо по падот на комунизмот и повторното обединување на Германија, пристигнаа 700.000 бегалци од војната во Југославија.
Во 2015 година, речиси милион мигранти дојдоа од воените зони како Сирија, Ирак и Авганистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…
На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…
Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…
(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…