Објавено на:

Германија ѝ испрати на Украина нова воена помош: Тенкови, ракетни системи, ПВО системи…

t

Германија денеска испрати уште еден пакет воена помош за Украина, вклучувајќи ракетни системи Химарс, противвоздушни системи и тенкови.

Украина доби 20 единици од пешадиското возило Мардер, 10 тенкови Леопард 1 А5 со резервни делови, по еден противвоздушен ракетен систем со краток и среден дострел, три единици од ракетен систем Химарс, две единици од оклопното возило Бибер, како како и оклопно возило за поправка и спасување „Бергепанцер“, меѓу една и четири единици миночистачи „Висент“ и муниција, соопшти германското министерство.

Досега Германија обезбеди или обврза воена помош за Украина во вредност од приближно 28 милијарди евра за следните години.

Финансирањето на Иницијативата за градење безбедносни капацитети само во 2024 година за воена помош за Украина изнесува речиси 7,1 милијарди евра.

Во 2022 година Германија потроши 1,6 милијарди евра за воена помош за Украина, а минатата година потроши околу пет милијарди.
Дополнителни 2,9 милијарди евра се инвестирани во првите две години од војната за испораки, кои ќе пристигнат само меѓу 2025 и 2028 година.

Од почетокот на војната во Украина, Германија испорача материјал од залихите на Федералните вооружени сили во износ од приближно 5,2 милијарди евра.

Исто така, повеќе од 10.000 украински војници поминале воена обука во Германија, а трошоците за таа обука досега изнесуваат околу 282 милиони евра, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИФО: Редовниот воен рок може да ја…

Темата за враќање на обврската за отслужување…

Нова провокативна изјава на Медведев: Русија да…

Русија треба да направи се за да…

Сијарто: Ако не ја запреме војната стотици…

Стратегијата на Европската унија и НАТО не…

Кина до НАТО: Добро размислете што правите…

Кина го советува НАТО да размисли за…

НАТО се обврза да обезбеди воена помош…

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена…