Објавено на:

Германската МВР Фезер предупреди за зголемување на шпионажата и кибер заканите од странски земји

t

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер денеска предупреди за зголемување на шпионажата и кибер заканите од странски земји, вклучувајќи ги Русија, Кина и Иран.

„Заканата за нашата демократија од шпионажа, саботажа, дезинформации и кибер-напади достигна нова димензија“, им рече Фесер на новинарите во Берлин на промоцијата на извештајот за заштита на Уставот од 2023 година, кој дава информации за природата и обемот на прекршување на највисокиот правен акт, како што се активностите на екстремната десница, екстремната левица и исламистичките групи.

Фезер истакна дека Русија ја прилагодила својата разузнавачка стратегија по протерувањето на руските дипломати од Германија во 2023 година.

 „Кремљ сега е фокусиран на шпионажа, а во исто време спроведува сајбер напади и кампањи за дезинформација против Берлин“, рече Фезер.

Шефот на Канцеларијата за заштита на Уставот, германската внатрешна разузнавачка агенција на Германија, Томас Халденванг, рече дека кампањата на кибер напади во 2023 година била насочена против високи цели во бизнисот и политиката, вклучувајќи го и извршниот комитет на германската Социјалдемократска партија.

„Овој напад оттогаш и се припишува на групата АПТ 28 контролирана од руското воено разузнавање“, рече Халденванг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…

ИФО: Редовниот воен рок може да ја…

Темата за враќање на обврската за отслужување…

Ужас: Во Германија на секои половина час…

Во Германија на секои половина час дете…

Германската фудбалска легенда нема да се врати…

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Германецот Тони…