Гиновска: ЈП „Комуналец“ немал никаква дозвола да пушта вода од отворениот канал во Гостивар
Дивиот приклучок поставен на водоснабдителниот систем во Гостивар, кој е предмет на истрагата за загадувањето на водата за пиење, не се наоѓал во санитарно-заштитните зони ниту бил опфатен со важечката дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), изјави директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска.
На прес-конференција во Владата, Гиновска појасни дека приклучокот бил поставен на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата за водоснабдителниот систем.
„Овој див приклучок воопшто не е во рамките на дозволата. Не се наоѓа ниту во санитарните заштитни зони, ниту кај самиот извор, туку е оддалечен околу 800 до 900 метри од главниот цевковод што ги снабдува Гостивар и околните населени места со вода за пиење, изјави Гиновска.
Таа нагласи дека за секоја измена на дозволата за користење на водоснабдителниот систем, комуналното претпријатие има законска обврска претходно да поднесе барање до Министерството за животна средина.
„Точка 11 од дозволата јасно предвидува дека за секоја измена операторот мора да побара одобрение од Министерството, кое ја издава дозволата за водоснабдување. До денес такво барање не е доставено, рече директорката.
Гиновска информира дека по барање на Основното јавно обвинителство Гостивар, на 16 јули бил спроведен вонреден инспекциски надзор во координација со криминалистичката полиција, Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје и ЈП „Комуналец“ – Гостивар.
Таа нагласи дека Државниот инспекторат за животна средина останува на располагање на обвинителството и ќе постапува согласно своите законски надлежности, но потенцираше дека Инспекторатот нема надлежност за квалитетот и анализата на водата за пиење и нема да коментира дополнителни околности додека трае истрагата.
Претходно, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, изјави дека Обвинителството треба да утврди како било дозволено незаконски да бидат приклучени пумпите на системот и кога точно биле поставени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како ли ја запалил колата: Уапсен возач…
Полицијата во Делчево уапси возач од беровско,…
Гиновска: ЈП „Комуналец“ немал никаква дозвола да…
Дивиот приклучок поставен на водоснабдителниот систем во…
Државната ревизија откри неправилности во работењето на…
Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе…
Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни…
Гостивар под инспекциски надзор по загадувањето на…
Градинки, болници, ресторани, верски објекти, јавни чешми…