„Ги повикуваме институциите…“ – фраза за прикривање на нефункционалноста?
*Објава на Фејсбук на Весна Дамчевска Илиевска, поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ги повикуваме институциите…“ – фраза за прикривање на нефункционалноста?
Не ми е јасно… или можеби премногу ми е јасно,
како е можно за отворени девијантни и незаконски постапки, лидерството секогаш јавно да ги повикува институциите да си ја вршат работата?
Зарем тоа не е признание дека не ја вршат?
Се менуваат луѓе, титули, гарнитури, а праксата останува:
реактивна, површна, често театарска.
Се дебатира, се коментира, се анализира, а суштински, сѐ стои.
Најтешките случаи остануваат без одговор, а недовербата расте.
Ако имаме институции и закони, што ги спречува да постапуваат, да превенираат?
Незнаење? Некомпетентност? Неинтересираност?
Или нешто полошо:
– замајување, затајување заради профит, заштита на моќници, неформални договори, клиентелизам, партиски уцени?
Нормализираме ненормално.
Веќе не се чудиме, само слушаме, гледаме, негодуваме тивко.
Со надеж. Дека сѐ уште има надеж.
Како да се влијае?
Индивидуално – невозможно!
Здружено – оневозможено.
Законот ги штити оние што треба да се контролираат.
