„Ги праќаме децата на училиште не знаеме дали ќе се вратат живи и здрави“, реагираат родителите од Тетово

t

Група на родители од основното училиште Гоце Делчев во Тетово денеска се собраа во дворот на училиштето да го изразат револтот поради небезбедниот приод на нивните деца кога влегуваат во училишниот двор, пренесува ММС.

Собраќаен хаос, узурпирани тротоари, контејнери пред самиот влез на училиштето каде покрај сметот се собираат кучиња скитници е сликата кога ја регистрираше екипата на ММС.

Родителите велат дека најстрашно е кога децата излегуваат од прва, а влегуваат учениците од втора смена. Поради хаосот, често се случува некој ученик да биде удрен од возило, a тоа се случи и пред два дена кога едно девојче падна на уличката, откако беше удрена од возило

Родителите пред мирниот собир имале средба со директорката на училиштето, која истакнала дека испратила барање до надлежните институции за поголема безбедност во сообраќајот, но досега не добила одговор.

Истакнаа дека ќе испратат и тие барање до одговорните , ако не добијат и тие за кратко време позитивен одговор, ќе протестираат блокираат и децата нема да ги пуштат на настава.

Извор: ММС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рељиќ и Ефтимов по настапот во Париз:…

Maкедонската таеквондистка Милјана Рељиќ деби настапот на Олимписките игри…

Гори во Македонски брод и Студеничани: Вчера…

Вчера, четврток, 08.08.2024 година, имаше вкупно 46…

Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…

Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…

ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…

Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…

Трамп и Харис ќе одржат дебата на…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговата…