„Глупавата опструкција“ на Бугарија ја ослабува ЕУ и им користи само на Русија и на Кина, смета Михаел Рот
„Глупавaта опструкција на патот на Северна Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорна и мора да престане“, напиша на „Икс“ поранешниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.
Според него, оваа опструкција од Бугарија „ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актери“.
„Новата бугарска влада треба да се засрами“, порача Рот.
Неговата реакција уследи откако бугарското МНР го пренесе ставот на министерката Велислава Петрова-Чамова во кој стои дека тоа бил „еден од најјасните институционални одговори досега во врска со ставот на Софија за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ“. Во него се наведува дека „Бугарија го смета европскиот консензус од јули 2022 година за целосно обврзувачки и отфрла секаков обид за негово реинтерпретирање или заобиколување“.
Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска се сретна со бугарската колешка Велислава Петрова, по што МНР соопшти дека тој ѝ укажал на Петрова дека за јазикот, идентитетот и културата не може да се разговара. Според соопштението, Муцунски исто така го покренал и прашањето на македонското малцинство во Бугарија и пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Петрова-Чамова на министерскиот состанок на НАТО во Шведска имаше средба и со германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадепул кој порача дека „проширувањето е геополитичлка неопходност и дека (ЕУ) се стреми кон зголемен моментум“.
Bulgaria’s stupid obstruction of North Macedonia’s EU path is irresponsible and must stop.
It weakens the EU, destabilizes the Western Balkans, and only benefits Russia, China, and other authoritarian actors.
The new Bulgarian government should be ashamed. https://t.co/0PwDm7WGvV— Michael Roth 🇪🇺🇺🇦🇮🇱🇬🇪 (@MiRo_SPD) May 22, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Глупавата опструкција“ на Бугарија ја ослабува ЕУ…
„Глупавaта опструкција на патот на Северна Македонија…
Ѓорѓиевски: Ќе се реши проблемот со дивиот…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека…
Висок функционер на СДСМ си даде оставка…
Високиот функционер на СДСМ Рубин Земон си…
Драматичен раст на заразени и жртви од…
Бројот на заразени со смртоносниот вирус ебола…
САД со алармантно предупредување до Европа
Поранешниот советник на Пентагон, Даглас Мекгрегор, и…