Годинава има над 10.000 слободни места на факултетите на УКИМ

t

За запишување студенти во прва година во академската 2023/2024 година на факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје има вкупно 10.473 слободни места.

Според Конкурсот на УКИМ, 5.074 места се наменети за редовни студенти во државна квота т.е. кои се финансираат од буџетот, 4.439 места се за редовни кои плаќаат школарина и 960 слободни места има за вонредни студенти.

Како и во минатите години, надоместот за студии во државна квота е 200 евра и 400 евра за студентите што ќе се запишат со кофинансирање на студиите и за вонредните студенти.

Првиот рок за пријавување на кандидатите е 30 и 31 август, вториот рок е 18 и 19 септември и третото пријавување, на факултетите на кои ќе има слободни места, е 28 септември.

Во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ (www.ukim.edu.mk) се наведени условите и критериумите за запишување, документите што се потребни за пријавувањe, како и пресметка на поените од успехот постигнат на државната матура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МД „Илинден”: Честитки до студентите по македонски…

Македонското друштво "Илинден"-Тирана упатува честитки до првата…

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: УКИМ да не ги…

Од формирањето на нашето Друштво во 2009…

Професори поднесоа пријава против ректорката Ангелова до…

Сомневање за злоупотреба на службената положба и…

Започнаа уписите на УКИМ: 10 473 слободни…

На 23-те факултети во состав на Универзитетот…