Објавено на:

Голема акција во Косово: Уапсени 18 лица за трговија со мигранти

t

Косовската полиција објави денеска дека уапсила 18 лица кои се сомничат за трговија со емигранти, во обемна операција под кодното име „Габер” („Шкоза”), јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициското соопштение, истрагата за лицата за кои постоело сомневање дека се вмешани во нелегалната дејност со емигранти започнала уште во март оваа година.

На 14 јули е уапсен сириски државјанин кој престојувал во Косово со цел да ја организира операцијата на трговија со емигрантите, додека вчера во населбата Шкоза во Призрен е уапсено уште едно лице кое е фатено додека го вршело кривичното дело. Тој избегал и се обидел со неговото возило да ги прегази полициските службеници, по што е фатен и притворен под обвинение за напад врз службено лице.

Подоцна во текот на вчерашниот ден се уапсени уште 16 лица осомничени за вмешаност во кривичното дело трговија со емигранти.

Тие се сомничат дека нелегално ги пренесувале емигрантите, главно по потекло од Азија, од Албанија во северниот дел на Косово, а целта им била да заминат во западна Европа.

Во вчерашната акција се запленети четири парчиња огнено оружје, 95 куршуми, три автобуси, две возила, два апарати за радио-врска и 17 мобилни телефони.

Од приведените, на 17 им е одреден притвор, додека едно лице е пуштено да се брани од слобода. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шолц: Имаме недостаток на работна сила, имаме…

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за…

Заменик премиерот на Косово најави визна либерализација…

Вицепремиерот на Косово, Бесник Бисљими, најави дека…

Косово со закон ќе го забрани штрајкот…

Родителскиот совет на Косово повика денеска враќање…

Косовската Влада нема да ги исплати наставниците…

Владата на Косово е решена да не…

Брука: Полицаец истепал приведено лице

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…