Голема поморска воена вежба на НАТО во Балтичкото Море
Во полското пристаниште Гдиња на Балтичкото Море денеска почна двонеделната поморска вежба на НАТО – БАЛТОПС, во која учествуваат над 30 брода од 15 земји и речиси 6.000 војници.
Вежбата ја предводи американската морнарица, а главниот фокус на вежбата е обезбедување слобода на пловидба во Балтичкото Море. Вежбата исто така има цел да демонстрира силно одвраќање.
Воената вежба ќе заврши во германскиот пристаништен град Кил.
Балтичкото Море е стратешки важно, а Русија е единствената од деветте крајбрежни држави, која не е членка на НАТО.
Вежбата БАЛТОПС датира од Студената војна. Според морнарицата, американскиот носач на авиони „Интрепид“ впловил во Балтичкото Море во мај 1971 година заедно со три разорувачи за да ги демонстрира своите способности. Групата се приближила на 20 наутички милји (37 километри) од советскиот брег, а советските извидувачки авиони ја следеле 24 часа на ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема поморска воена вежба на НАТО во…
Во полското пристаниште Гдиња на Балтичкото Море…
Чешка годинава веројатно нема да може да…
Чешката Република веројатно оваа година нема да…
Чешка веројатно нема да ја исполни целта…
Чешка годинава веројатно нема да ја исполни…
„Нашата армија има потенцијал да стане една…
Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави…
САД го забрзуваат повлекувањето на војниците од…
Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат…