Објавено на:

Големи поплави во Австралија и евакуации во Сиднеј

t

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните дождови што предизвикаа поплави. Во Сиднеј, главниот град на државата, доцна во саботата беше извршена евакуација на жители и туристи од ниското предградие Нарабин.

Екипите за итни интервенции реагирале на повеќе од 1400 пријави низ државата откако дождот започнал во саботата. Најголем дел од интервенциите се однесувале на спасување луѓе кои се обиделе да возат низ поплавени улици.

„Имаше голем број неочекувани поплави што предизвикаа затворање на патишта, и очекуваме некои од нив да останат затворени до понатамошно известување“, изјави заменичката комесарка за итни служби Соња Ојстон.

Властите предупредија на можни дополнителни бури јужно од Сиднеј во недела. Државната метеоролошка служба соопшти дека 72,4 милиметри дожд наврнале во северниот дел на градот во рок од два часа.

Една жена загина кога врз неа паднала гранка од дрво за време на невремето во близина на Волонгонг, околу 66 километри јужно од Сиднеј, јави јавниот сервис „Еј-би-си“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големи поплави во Австралија и евакуации во…

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се…

„Мета“ избриша над половина милион профили во…

Технолошката компанија Meta соопшти дека деактивирала повеќе…

Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ е…

Вчера во терористичкиот напад на плажата Бонди…

Бројот на загинати во терористичкиот напад на…

Бројот на загинати во пукањето на плажата…

Израелскиот претседател ја повика Австралија да се…

Израелскиот претседател Исак Херцог ја повика австралиската…