Големо дело: Го фати светиот крст, се што доби донираше

t

Да се дарува каде што треба, значи да си поблиску до Бога.

Да си хуман, тоа е најголема човечка одлика, а кај Сашо тоа стои високо на неговите приоритети и токму денес тоа го покажа на дело.

Сашо Милошевски беше најсреќниот што успеа да го извади Крстот од осветените води за Водици во Кисела Вода.

Тој уште тогаш, на заедничката изјава за медиумите кажа дека наградата ќе ја донира онаму каде што е најпотребно.

И еве денес, заедно со него и отецот Оливер посетивме неколку социјално ранливи семејства за лично да им ги врачиме подароците кои Сашо ги доби.

Ова е голем гест и лично ме радува што во нашата Кисела Вода живеат луѓе како Сашо, луѓе на кои духовното и заедничката среќа им е пред материјалното.

Ме радува што сум опкружен со луѓе кои прават мали чекори, но искрено и од срце и се еднакви на херојство.

Велат, голем човек е оној што споделува со другите. Сашо е токму таков, голем човек.

Нека Светиот Крст му донесе здравје, благодет и среќа во семејството преку целата година, нека даде бериќет и убавини за сите мои сограѓани.

Да се гледаме само за убави работи и нека има повеќе вакви хумани примери, пишува на Фејсбук, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…

Рама: Планот за азил во трети земји…

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…

Претепан и ограбен малолетник во Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…