Голем дефект го остави цел Дебар без вода

Голем дефект на водоводната мрежа на главната улица во Дебар ги остави жителите од овој град без вода.
Од јавното комунално претпријатие „Стандард“ информираа дека нивни екипи се на терен и работат на санирање на дефектот.
-Станува збор за голем дефект на главната улица „Осми септември”. Максимално се ангажирани нашите вработени во санирање на дефектот. Се надеваме дека вечерва потрошувачите ќе добијат вода, изјави за МИА директорот на комуналното претпријатие Курим Каба.
Прекинот е од утринава, а нормално водоснабдување имаат селата Долно Косоврасти и Рајчица, како и кракот кон Центар Жупа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албански државјанин се обидел да силува жена…
Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична…
Претрес во Дебар, пронајдени пиштол и муниција
На 30.04.2025 во 16 часот полициски службеници…
ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…
Откако со години се жалеше на тоа,…
Албанска влада: Преку тунелот Муриз од Дебар…
Албанската влада најави дека тунелот Муриз, кој…
Наставник нападнал ученик во Дебар, ќе одговара…
Наставник во училиште во дебарско село ќе…