Голем пад на издадените одобренија за градба

Во февруари годинава се издадени 250 одобренија за градење, што е за 27,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.Најмногу нови одобренија, 85, има во Скопкскиот регион, по што следат Полошкиот со 53, Југоситочниот со 38,…
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 763 961 000 денари, што е за 39,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 138 (55,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 29 (11,6 проценти) од нискоградба и 83 (33,2 проценти) за објекти за реконструкција.
На 146 (58,4 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 104 (41,6 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 440 станови, со вкупна корисна површина од 40 405 метри квадратни. Од нив 182 се планирани во Скопје, односно 115 во Општина Аеродром, 37 во Карпош, 12 во Илинден, 9 во Сопиште. По Скопскиот следи Полошкиот регион со нови 130 станови, од кои 104 во Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Би-би-си“ со реконструкција за пожарот во…
„Би-би-си“ направи реконструкција на пожарот во дискотката…
Додик: Или нов договор или да се…
Водечките претставници на Република Српска изјавија дека…
ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање…
Воено-здравствениот систем и ВМА се достапни за…
Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата…
Активностите на полицијата и на Обвинителството за…
Aлбанија, Хрватска и Косово потпишаа воен сојуз
Меморандумот за соработка во областа на одбраната…