Голем скандал поради измами со гориво во Грција, се затвораат бензински пумпи

Поради интервенции во механизмите на пумпата и системот за прилив-одлив на гориво, обезбедувајќи помала количина гориво од наведената, Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) на две години затвори пет бензински пумпи во Атина и Солун.
Во средината на март грчката полиција разби две криминални групи во Солун и во Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а уапсени беа над 55 лица.
Од ААДЕ денеска соопштија дека тимови на царински ревизори во соработка со Дирекцијата за борба против организиран криминал и Дирекцијата за криминални истраги, извршиле контроли на десет бензински пумпи, кои беа вклучени во конкретниот предмет, во пет биле откриени проблеми и интервенции во софтверот за точење гориво по што добиле двегодишна забрана за работа, додека пак за останатите пет биле побарани дополнителни информации, а ревизијата е во тек.
Паралелно додадоа дека прекршителите ќе бидат казнети, а Независната управа за јавни приходи на Грција ќе продолжи со интензивни проверки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем скандал поради измами со гориво во…
Поради интервенции во механизмите на пумпата и…
Внимавајте во Грција – за кампување „на…
Во Грција од јануари стапи во сила…
ХАОС во Грција, улици полни демонстранти за…
Синдикатите што ги застапуваат работниците во секој…
Грција го презема претседавањето со Советот за…
Поморската безбедност, заштитата на цивилите во услови…
Земјотрес во Грција почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според…