ГОЛЕМ ЧОВЕК: Поранешниот претседател на Словенија го продаде своето „рено 4“ за 60 илјади евра, а парите ги донираше за деца болни од рак!

t

Поранешниот словенечки претседател, Борут Пахор, собрал 60.000 евра за организации кои им помагаат на децата заболени од рак, продавајќи го својот автомобил „рено 4“ од 1991 година, а денеска му ги предал клучевите од автомобилот на купувачот.

Бизнисменот Александар Фратар дал највисока понуда на аукцијата. Како што вели, намерата е да им се помогне на децата кои се борат со тешката болест.

Пахор двапати беше претседател на Словенија, што е воглавно церемонијална позиција во оваа земја.

Неговиот втор петгодишен мандат заврши минатата година, а на претседателската функција го наследи Наташа Пирц-Мусар, прва жена на оваа позиција.

Според Пахор, тој уште од самиот почеток знаел дека ова нема да биде аукција за луѓе кои сакаат само добри автомобили, туку за луѓе со големо срце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…

Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…

Времето денеска ќе биде сончево и топло…

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…