Објавено на:

Голоб се откажа од формирање влада во Словенија, Јанез Јанша следен премиер?

t

Премиерот на Словенија, кој моментално е во технички мандат, Роберт Голоб призна дека неговата партија не успеала да формира влада, што би можело да го отвори патот за враќање на популистот Јанез Јанша, објавија словенечките медиуми.

ибералното движење за слобода на Голоб победи на парламентарните избори минатиот месец со тесна разлика, освојувајќи 29 од 90-те места во словенечкиот парламент, но не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.

По еден месец неуспешни коалициски преговори, Голоб рече дека ја информирал словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар дека неговата партија се согласила да премине во парламентарната опозиција.

Се очекува Јанша, чија Словенечка демократска партија освои 28 места на изборите минатиот месец, сега ќе се обиде да формира десничарска коалициска влада.

Голоб, изјави дека неговата партија „се радува на работата во опозиција“, додека неговиот ривал Јанез Јанша најави дека е подготвен за сите сценарија – подготвена да формира влада, да остане во опозиција или да учествува на повторени избори.

Изјавата доаѓа по консултациите со претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар. Голоб ја искористи можноста да ја нападне потенцијалната нова влада. Тој ја нарече „коалиција на измамници“ и рече дека нема да трае долго.
„Коалиција на измамници нема да трае“, изјави Голоб.
Лидерот на Слобода беше остар кон противниците. Тој рече дека оние што ги лажат граѓаните ги рушат темелите на демократијата. Во исто време, порача дека неговата партија ќе делува од опозиција.

Претседателот на пратеничката група на Слобода, Борут Сајовиќ, нагласи дека партијата нема доволно гласови. Тој посочи дека им недостигаат 46 пратеници за мнозинство. Додаде дека тие не сакаат поддршка преку уцени или поткуп.

Порано овој месец, партијата на Јанша го поддржа обидот на проруската партија Ресни.ца нејзиниот лидер Зоран Стевановиќ да биде избран за претседател на словенечкиот парламент. Овој потег беше широко протолкуван како сигнал за сојуз меѓу двете популистички партии, но Јанша, по средбата со Пирц Мусар денеска, призна дека неговата партија сè уште не ја обезбедила потребната поддршка за враќање на власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голоб се откажа од формирање влада во…

Премиерот на Словенија, кој моментално е во…

Си Џинпинг повика на отворање на Ормускиот…

Претседателот на Кина Си Џинпинг денеска повика…

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со…

Американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“…

Митовски: Граѓаните на Крива Паланка имаат целосно…

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски преку…

ДНК-докази клучни во обвинението против судијата Ристов…

ДНК трагите пронајдени на материјалите со кои…