Го држеа на краток синџир, Калајџиев за Коцевски пред кого се отвораат два пата по интерпелацијата- оставка или разрешувањето на владата
Не одговори на нашите повици и пораки, а ден по изгласаната интерпелација во Собрание, државниот обвинител Љупчо Коцевски одржа колегиум во обвинителството. Нема одговор какви чекори ќе преземе откако оние што го избираат- пратениците, со мнозинство изгласаа дека не си ја врши работата добро. Владата го повика да си поднесе оставка.
-Јасна беше волјата на пратениците и пораката која вчера ја испрати Собранието. Тоа е силен институционален сигнал кој не може и не смее да биде игнориран. Очекуваме државниот јавен обвинител да постапи морално и да поднесе оставка. Тоа би било одговорен и достоинствен чин, во интерес на правдата и довербата на граѓаните, велат од владата.
Професорот Гордан Калајџиев пак вели дека интерпелацијата не му „нареди“ на Коцевски што да прави поради што можно е владата да ја одмрзне својата постапка за разрешување.
-Јас колку што разбирам право, тој може да биде разрешен само во таа класична процедура која беше стопирана. Значи со мислење од Совет на јавни обвинители и со предлог на владата да биде разрешен во Собрание. Ако не се лажам, Советот на јавни обвинители не се сложи со владата. Меѓутоа неговото мислење во овој случај, за разлика од постапка за изборот е само консултативно. Така што условно може да се каже дека е безначајно. Она што може да го очекуваме е продолжување во собраниска процедура на стопираниот предлог, ни изјави универзитетскиот професор по кривично право, Гордан Калајџиев.
Слично сметаат и во коалицијата за правично судење, бидејќи одлуката на Собранието нема никакви директни последици, два пата има пред Коцевски: оставка или продолжување на владината постапка за разрешување.
-Втората опција е особено дискутабилна, имајќи предвид дека Советот на јавните обвинители веќе се има произнесено во однос на ова прашање, односно има дадено негативно мислење за предлогот на Владата за разрешување на Јавниот обвинител на РСМ, оценуваат од Коалицијата за правично судење.
Професорот Калајџиев пак за Телма анализира дека бурната релација меѓу владата и Коцевски се смири по трагедијата во Кочани, но сега повторно се разгоре.
-Самата таа приказна беше неповолна и непожелна сама по себе бидејќи беше очигледно дека сега обвинителот ќе биде условно речено на краток синџир и дека ќе биде подложен на уцени и влијанија. Па дојде одеднаш големи фалби, се сврте ситуацијата. Владата и премиерот го фалеа, со убави зборови, за Кочани, за ваму-таму. Една атмосфера која ветуваше дека тој некако можеби си обезбедил да го заврши мандатот. И за мене прилично неочекувано „ОП“, во нова приказна, доста рано. Без да чекаме воопшто да влезе во суд предметот „Кочани“ и други кои беа актуелни, ни изјави Калајџиев.
Обвинителот во писмо пак ги извести пратениците дека не може да го сменат и вршат упад во независноста на обвинителството.
Европската комисија во својот последен извештај за владеење на правото во Македонија нотира дека има постапката за разрешување не е прецизна и е ризик за политизација, а има и притисоци врз обвинителите.
Но, Левица ја пополни својата интерпелација и како главна причина за тоа наведе селективност во истрагата за Кочани во која според нив „Љупчо Коцевски намерно не ги вклучува актуелните вмровски носители на високи јавни функции“. ВМРО-ДПМНЕ пак го поддржа овој навод на интерпелацијата и гласаше „за“.
А гласањето со селективна истрага сега лесно може биде и доказ во идниот судски процес за Пулс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Го држеа на краток синџир, Калајџиев за…
Не одговори на нашите повици и пораки,…
Вучиќ проговори за пресудата против Милорад Додик
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Двајца браќа од струшко осомничени за насилство
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против…
Третина од рестораните и продавниците не издаваат…
Една третина од 154 ресторани, кафе барови…
Власта нема да го мрдне Коцевски од…
Премиерот Христијан Мицкоски продолжи да го критикува…