Го пречекаа илјадници граѓани: Новак Ѓоковиќ стана почесен граѓанин на Будва

t

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на денешната свеченост во преполната сала на Градското собрание на Будва е прогласен за почесен граѓанин на приморската општина.

Марко Бато Царевиќ, градоначалник на општина Будва, по тој повод рече дека е негова личена чест и дчест на градот Будва, најдобриот теинсер во светот, да биде почесен граѓанин на црногорската метропола за туризам.

Тој рече дека се надева дека оваа награда ќе му значи на Ѓоковиќ исто како и многу други што ги освоил низ светот.

Царевиќ им се заблагодари и на родителите на Новак Ѓоковиќ кои присуствуваа на церемонијата, како и на самиот Новак Ѓоковиќ за се што направи за српската нација.

На Новак Ѓоковиќ му беше врачена и иконата на Триптихот Свети Никола, од Зоран Балетиќ.

Стотици жители на Будва го чекаа Ѓоковиќ пред зградата на општина Будва, кој воодушевено го поздрави првиот светски рекет.

Бројни граѓани во раце го носеа српското знаме.

Ѓоковиќ влезе во зградата на локалната самоуправа со песна на Даница Црногорчевиќ: „Весели се српски роде!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СТРАШНА БУРА ВО БУДВА: Ветер од…

Силен ветер и бура се забележани во…

Хаос во Будва: Скоро 100 туристи се…

Најмалку 96 туристи се затруле со храна…

За последен пат ќе го гледаме Надал…

Шпанскиот тенисер се изјасни за својот утрешен…

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Ѓоковиќ: Ова е за мојот народ!

Рим го доживеа пишувањето на тениската историја,…