Град Скопје со жесток одговор за СДСМ: Продолжувате со лaгите и мaнипyлaциите

t

Наместо одржливи и реални решенија за проблемите на граѓаните, СДСМ продолжува со лаги и манипулации

Наместо конкретни идеи за подобрување на животот на граѓаните СДСМ секојдневно шири невистини и лажни вести со кои нанесува директна штета на Градот Скопје.

Не е вистина тврдењето на владејачката партија дека партиски кадри се вработуваат во Град Скопје. Станува збор за продолжување на договори на определено време на лица веќе вработени во градската администрација.

Бројот предвиден годинава е значително намален во споредба со 2021 и 2020 година, и лицемерно е некој кој гласал за значително зголемување на вработувањата во градската администрација сега за истото да шири дезинформации.

Власта наместо да шири лажни вести, да се посвети на тоа да им помогне на граѓаните. Владите во другите земји уште минатата година донесоа мерки за 2022 година да се надмине големата енергетска криза.

Додека СДСМ на дневно ниво неосновано го напаѓа Градот Скопје, барајќи оправданија за неодговорната работа на Владата, граѓаните на Скопје се во опасност да останат без парно греење, стои во реакцијата на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Зошто германските репрезентативци си ги покрија…

Седум европски држави – Англија, Велс, Белгија,…

(Видео) Мицко и историја – магаре и…

Христијан Мицкоски за време интервју кај Љупче…

Меси ги „поздрави“ медиумите: Не знам зошто…

Лионел Меси по којзнае кој пат се…

ФОТО: Нови фотографии од повредата на Нејмар,…

Нејмар на својот Инстаграм профил објави нови…

Зеленски јавно го критикуваше Кличко за прв…

Во ретко јавно искажано несогласување меѓу украинските…