Објавено на:

Граничната област Газа со Египет под контрола на Израел

t

Според извештаите на израелските медиуми, израелската армија ја презела контролата врз целиот Појас Газа долж границата со Египет, јави ДПА.

Израелските војници се стационирани во поголемиот дел од областа позната како Коридор Филаделфија, област долга 14 километри долж границата со Египет и Појасот Газа, објавија неколку медиуми синоќа, повикувајќи се на армијата.

Извештаите наведуваат дека во областа има околу 20 тунели кои водат кон Египет. Меѓу другото, Хамас ги користел тунелите за шверц на оружје во Појасот Газа.

Се додава дека некои од тунелите се уништени. Наводно, на целиот тој простор има вкупно 82 тунели, јави ДПА.

На почетокот на мај израелските трупи почнаа да напредуваат во делови од градот Рафа на југот на Појасот Газа. Тие го окупираа единствениот граничен премин кон Египет на палестинска страна. Израелските напади врз Рафа беа жестоко критикувани од меѓународната заедница бидејќи градот е дом на стотици илјади внатрешно раселени палестински лица. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во хотел во Битола пронајден починат маж

На 04.08.2024 во 12.47 часот во СВР…

Исчезнато е возрасно лице од Прилеп –…

За кратко време исчезнато уште едно возрасно…

Британија ќе формира специјална полициска единица за…

Британската влада ќе формира специјална полициска единица…

Три активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

САД очекуваат два брана напади врз Израел

Американските разузнавачи очекуваат сценарио кое вклучува два…