Граѓаните од телефон ќе може да ја следат реалната потрошувачка на струја, РКЕ најави паметни броила
Дигитализацијата на енергетскиот сектор ќе стави крај на дилемите кај граѓаните дали сметките за струја се реални или паушални. Апостолчо Рамов, раководител во РКЕ, најави дека следниот голем чекор е воведување на паметни броила (smart meters) кои ќе можат да се следат преку мобилен телефон во реално време.
„Анализите покажаа дека до 2024 години ниту една компанија немаше имплементирано ниту еден стандард за сајбер безбедност. Некои имаа воспоставено локални политики во оваа сфера, процедури, но тоа не беше доволно за да се следи и паралелно да се надоградува безбедносниот сајбер обрач. Во овој момент две енергетски компании го имплементираа меѓународниот ИСО стандард (систем за управување со безбедноста на информациите), додека три компании се во финална фаза на имплементација. Факт е дека кај приватните компании имплементацијата е полесна, затоа што не се обврзани да распишуваат тендери како јавните претпријатија“ посочи раководителот на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ кој беше учесник на 3. Конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора.
Со законските измени во 2023 година, РКЕ стана пионер во регионот во воспоставување на правила за сајбер безбедноста, посочи Рамов кој најави дека регулаторната дигитализација ќе продолжи, а следен чекор е воведување на паметни броила.
“Законот е на сила, а операторите на пренос и дистрибуција треба да направат анализа за воведување на паметни мерни системи (smart meters). Целта е секој граѓанин сам, преку свој мобилен уред или онлајн да следи како оди потрошувачката. Во овој момент се прави техничка анализа. Дигитализацијата ќе ја зголеми довербата – ќе нема повеќе дилеми дали е сметката реална или претпоставена.“ посочи Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ.
Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во кој приоритет имаат инвестициите за сајбер безбедност, назначување на офицер за сајбер безбедност – се дел од сетот на мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги имплементираат клучните енергетски компании со цел зголемување на отпорноста од сајбер напади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓаните од телефон ќе може да ја…
Дигитализацијата на енергетскиот сектор ќе стави крај…
Поскапи горива од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за…
Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ,…
Без струја делови од Гази Баба и…
Регионалниот центар за управување со кризи на…
Левица ќе бара укинување на РКЕ и…
Левица забележува дека „наместо покачување на платите…