Граѓанска акција за поддршка на лицата со Даунов синдром во Скопје

t

Уметничката акција „Допри ме“, што денеска беше спроведена во центарот на Скопје беше посветена на малечката Ембла. Организаторите велат дека нејзиното отфрлање од средината, пред очите на јавноста, уште еднаш потсети на нетолерантноста на сите нас кон се она што е различно.

Акцијата „Допри ме“ ја спроведоa неколкуммина активисти во центарот на Скопје, кои на своите тела носеа натписи „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“.


-Се надеваме дека на тој начин остваруваме директен контакт со граѓаните и ќе ја сензибилизираме јавноста за овој проблем, барем малку придонесувајќи кон зголемување на толеранцијата кон различните.

Интересен е податокот дека во рамките на денешната акциија која беше спроведена во центарот на Скопје во времетраење од неколку часа од околу 3000 минувачи кои поминаа во непосредна близина на активистите само поразувачки 3% или нешто помалку од 100 луѓе остварија контакт односно ги допреа активистите.

По Скопје деновиве акцијата ќе биде спроведена и во уште неколку градови низ Македонија, велат учесниците во акцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Акција на МВР во Велес: Приведени…

Денеска (22.04.2022) од страна на полициски службеници…

(Видео) Застрашувачко: Акција на чеченските единици во…

Чеченците му дадоа официјална поддршка на рускиот…

(Видео) Голема полициска акција по наредба на…

Во текот на ноќта по насоки на…

Чисто Скопје е приоритет: Град Скопје со…

Градот Скопје преку официјалниот Твитер профил соопшти…

(Видео) Не постојат данок и протоколи за…

Во координирана акција на Министерството за внатрешни…