Граѓански организации бараат дислокација на цементарница Усје и најавуваат протест
Граѓаните повеќе не сакаат да чекаат на надлежните, бараат итна дислокација на Цементарница „Усје“ за која сметаат дека е причина за алармантната состојба со амбиенталниот воздух во Скопје.
Населението се гуши а маглата секојдневен декор, особено источниот дел на Скопје. Летово ги труеше Вардариште, а зимава сопственото греење, ако им се верува на студиите за потеклото на загадувањето.
Граѓаните кои тогаш протестираа, сега со најавува за нов протест на 25 ти декември и покрај тоа што секоја недела од оваа компанија која се наоѓа на границата меѓу Аеродром и Кисела Вода, практично во срцето на Скопје, пристигнуваат резултати кои покажуваат дека фабриката не загадува. Од Зелен хуман град пак бараат итни решенија за загадениот воздух, овој проблем се провлекува секоја година, а состојбата е се позагрижувачка како и итна дислокација на фабриката.
Градоначалникот на град Скопје пак Орце Ѓорѓиевски вели дека тие како градска власт ја информира јавноста со свои препораки како би се справиле со загадувањето, инпекциите редовно постапуваат.
Од иницијативата ја поздравија одлуката на градот за откажување на овогодинешниот огномет за централната новогодишна прослава донесена како резултат со загаденоста на воздухот. Од таму веќе имаат поднесени 30 мерки против загадениот воздух и бараат надлежните институции сериозно да се позанимаваат со овој проблем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓански организации бараат дислокација на цементарница Усје…
Граѓаните повеќе не сакаат да чекаат на…
„Безбеден град“ ќе снима и она што…
„Безбеден град“ ќе снима и она што…
Сценографијата на прес-конференцијата на Путин со Крим,…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја држи…
Орце најави албански изведувач во новогодишната програма…
. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во…
Мицкоски најавува две нови странски инвестиции во…
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека веќе има…