Груби за ТВ А2: Албанската опозиција е целосно ставена во служба на ВМРО-ДПМНЕ

t

Вицепремиерот Артан Груби за албанската ТВ А2 Си-Ен-Ен изјавил дека речиси сите албански опозиционери во Македонија се излезени од ДУИ, а сега „се целосно ставени во служба на македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ”.

„Во таканаречената албанска опозиција сите се произлезени од ДУИ, односно се поранешни колеги,  кои сега не завршија никаде затоа што сакаа да бидат основачи на политички партии без да имаат способност да ги водат, па не се застапени ни со пратеници во парламентот“, изјавил Груби.

Оценил дека „она што ги следеше досега ќе продолжи и понатаму”.

„Тие се обединија, но овој нивен сојуз дојде поради сопствениот недостиг на лидерство. Од ДУИ секогаш баравме обединување за да не се дели албанскиот глас, но во моментов тие делуваат во служба на ВМРО-ДПМНЕ“, рекол Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…

ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…