Груби: Според прогнозите Бехтел и Енка ќе ангажираат над 70% локална работна сила
Според посебниот Закон и Договорот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во објава на Фејсбук.
– Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и Србија околу 50 отсто. Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70 отсто. Строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони, наведува Груби.
Тој натаму во објавата потсетува дека опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со блокадата на законите во Собранието, ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време.
– На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите. Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците, додава Груби во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…