Грците нека му ја мислат: Турција ја тестираше првата хиперсонична ракета

Турција успешно ја тестираше првата домашна хиперсонична ракета воздух-земја од беспилотното летало Бајрактар Акинџи, соопшти компанијата Бајкар која произведува борбени беспилотни летала.
„Првата турска хиперсонична ракета ТРГ-230-ИХА, произведена од Рокетсан, успешно ја погоди целта на растојание од 100 километри“, објави на Твитер техничкиот директор на компанијата Селџук Бајрактар.
Како што се наведува, ракетата била истрелана од дрон кој лебди на височина од 7,62 километри.
Според производителот, дострелот на ракетата варира помеѓу 20 и 150 километри.
Рокетсан ја конструираше и првата турска балистичка ракета, која беше успешно тестирана во октомври 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…
Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…
Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…
Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…
„Сакаме правда“: Протести во Турција по апсењето…
И покрај забраната за собири и протести,…
Во Турција уапсени 343 лица, опозицијата повикува…
Еден ден по огромните протести во Турција…