Грција крева безбедносен штит околу американски и израелски потенцијални цели во земјата
Грчките власти ја зголемија безбедноста околу потенцијалните американски и израелски цели во Грција, како и околу деловни објекти и аеродроми, по нападите врз Иран предводени од САД, објави „Катимерини“.
Портпаролката на полицијата, Константија Димоглиду, изјави дека мерките не се однесуваат само на дипломатските претставништва, туку опфаќаат и комерцијални и деловни објекти кои би можеле да бидат мета.
Безбедносните мерки се засилени и на главните аеродроми во Грција, а полицијата тесно соработува со армијата и со тајните служби со цел справување со потенцијални закани.
Во меѓувреме, десетици летови од Атина кон Блискиот Исток се откажани по нападите врз Иран и неговиот одговор.
Инаку, Британската воздухопловна база Акротири на Кипар (РАФ) е погодена со беспилотни летала, потврди Министерството за одбрана на Велика Британија. Во нападот нема жртви, но како мерка на претпазливост, персоналот кој не е неопходен за работењето на базата ќе биде привремено преместен.
Владата на Велика Британија сè уште не потврдила од каде дошол дронот и најави истрага за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција крева безбедносен штит околу американски и…
Грчките власти ја зголемија безбедноста околу потенцијалните…
ИДФ кажа кои врвни ирански разузнавачки офицери…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавуваат дека неколку…
ИДФ: Лидерот на Хезболах е цел –…
Портпаролот на ИДФ, бригаден генерал Ефи Дефрин,…
И Ахмети со отворена поддршка за САД…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните…
Израел отфрла вина за нападот врз иранското…
Израел денеска отфрли секаква одговорност за нападот…