Грција не може да се справи со хаосот: Се најавуваат нови мерки на границите

t

Грција најави нов пакет мерки за побрз проток на патници и возила на граничните премини „Евзони“ кон Македонија и „Кипи“ кон Турција, по хаосот и долгите колони што се создадоа по воведувањето на новиот европски ЕЕС систем за биометриска контрола.

Одлуката била донесена на состанок во Солун што го свикал заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Константинос Гулекас, со учество на претставници на безбедносните служби, царината, локалните власти и надлежните институции.

Според грчкото Министерство за внатрешни работи, новите мерки предвидуваат дополнително зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и можност за изградба на привремени технички решенија за олеснување на сообраќајот на границите.

Гулекас посочил дека туристичкиот и трговскиот сообраќај кон Грција постојано расте, но дека новите европски правила за проверка на биометриските податоци на сите патници создаваат дополнителни доцнења за време на полициските контроли.

Тој нагласил дека целта на состанокот била подобра координација меѓу сите служби, а донесените мерки, како што било соопштено, веднаш ќе почнат да се применуваат на терен.

За денеска се најавени и посети на специјални тимови на граничните премини „Евзони“ и „Кипи“, кои треба да ја разгледаат непосредната примена на дополнителните мерки.

Во тимовите ќе бидат вклучени претставници од полицијата, царината, локалните власти и регионалните администрации.

Министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, вчера изјави дека Грција мора целосно да ја спроведе европската регулатива за ЕЕС системот, бидејќи на тоа инсистира Eвропската Комисија.

Тој откри дека добил поплаки од неговите колеги од Македонија и Србија поради долгите чекања на границите, додавајќи дека проблемот е комбинација од сложената биометриска процедура и застарената инфраструктура на грчките гранични премини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција не може да се справи со…

Грција најави нов пакет мерки за побрз…

Унгарија деблокираше 16,4 милијарди евра од фондовите…

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска постигна договор…

Зеленски: Русија подготвува нов голем напад врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во…

Приведени осум лица во случаи поврзани со…

Во текот на изминатото деноноќие, на целата…

Медведев им се закани на граѓаните на…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…