Грчките хакери вчера хакирале неколку банки во Македонија – Нападот потврден од ТТК Банка

t

Интернет страницата на ТТК банка синоќа беше на мета на грчки хакери од групата „Моќна грчка армија“, но обидот за упад поминал без последици по компанијата.

-Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР, соопшти утрово ТТК банка.


Хакерите од „Моќна грчка армија” вчера објави дека извршиле упади во неколку македонски банки: ТТК Банка, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.

Претходно, истите хакери се пофалија дек ги хакирале сајтовите на Народната банка, Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана, што беше демантирани од овие институции.

Грчките хакери се заканија и дека „ќе ја збришат Македонија од интернет просторот“.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Руските хакери објавија војна: На мета…

Светската хакерска војна во полн замав. Проруската…

Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…

Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…

Анонимуси ѝм се заканија на западните компании…

Хакерите од Анонимус им се заканија на…

Хакери им се закануваат на компаниите кои…

Групата Анонимни хактивисти им се заканува на…

Полски хакери праќаат пораки на 30 милиони…

Веб-страницата на полскиот хактивист испраќа 30 милиони…