„Дали мојот татко заслужува хоспитализација од македонското здравство?“, прашува Небојша Додевски од Скопје

t

„Државата ме остави без да го хоспитализира татко ми и покрај тоа што знаат дека сум пациент на дијализа едвај способен да се грижи за себе. Барам татко ми да биде хоспитализиран, да му дадат поддршка, зашто јас не можам ни психолошки ни физички да издржам да го носам од болница во болница. Му следува тоа, пензионер е и има 77 години“, изјави за „Слободен печат“ Небојша Додевски од Скопје, син на Чедомир Додевски. На Чедомир почнале да му се појавуваат проблеми со нозете пред околу 1 месец. Оттогаш синот Небојша кој е пациент што трипати неделно оди на дијализа, е принуден да бара чаре низ болниците. Но здравствениот систем не му олеснува – препраќан бил сам да го однесе брисот од ГОБ „8 Септември“ во државна болница, а резултати да земе во ден кога е на дијализа што е задолжителна и не смее да ја пропушти. Иако е од Скопје, добил упат да го однесе татка си на преглед во Велес, каде докторот не излегол да го прегледа.

-Скоро еден месец татко ми има проблеми со нозете. Пред месец дена јас приметив дека тој не водел грижа околу ноктите и му се појавил чир на петата. Тогаш матичната лекарка ми даде упат за во Градска болница и кога го однесов првиот момент уште на врата ми кажаа „што си го донел треба во Велес да го носиш“. Рекоа дека работат со пациентите од Кочани. Татко ми има 77 години и дијагнозата сите ми ја даваат во ходник, доктор го нема примено во амбуланта. Претпоследниот пат преку пријателка отидов во Градска болница. Тој е единствениот доктор што го видел и ми даде упат да го носам татко ми на преглед во Велес, вели Небојша Додевски за „Слободен печат“.

Од Градска болница заминал со татко му во ГОБ „8 Септември“.

-Кога ме вратија од Градска, го однесов во „8 Септември“, им ја кажав мојата историја, дека сум пациент на дијализа што трипати е врзан за таа интервенција. Велат не се секирај, направи крвна слика и пак една недела тоа се одолговлечи. На крај докторката од „8 Септември“ ми рече дека само тие три дена во кои јас сум на дијализа се слободни за термини за снимање и прегледи. На легален начин сум „шутнат“, ни рече тој.

На Чедомир му бил земен брис од ногата во ГОБ „8 Септември“ во мај месец а синот што е дијализен пациент сам морал да го носи во државна болница во лабораторијата за биохемија.

-Ми рекоа да дојдам да го земам резултатот во понеделник, а јас во понеделник сум на дијализа. Не е возможно. Никој не сака да ми каже искрено дека поради годините не сакаат да се грижат за татко ми. Доплерот што го правеше татко ми во „Градска“ покажа дека нема доток на крв во нозете, па така тие лекари ме известија оти е одлучено овие пациенти да се носат во Велес. Матичната ми издаде упат за велешката болница, иако сме двајцата болни од Скопје се упативме во општа хирургија во велешката болница. Го однесов и во ходник гледам, повеќе луѓе препратени од Скопје, таму да се лекуваат. Се чудевме сите. Доктор во велешката болница не дојде, имал 4 операции тој ден, изјави за „Слободен печат“ Небојша.

Небојша стравува дека ако татко му не се хоспитализира, и тој самиот ќе заврши во количка поради невнимание како дијализен пациент.

-Очигледно никој не може да ја разбере мојата ситуација. Дека сум социјален случај на дијализа, значи инвалид. Татко ми со овие пробелми е исто така инвалид и човек во години. Јас не смеам физички да му помагам ама морам поради тоа што сум сам. Имам само два дена слободни во неделата кога не сум на дијализа. Во тие не можам ништо да завршам ни за себе а сега ни за тато, рече Додевски.

 

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дали мојот татко заслужува хоспитализација од македонското…

„Државата ме остави без да го хоспитализира…

Мојсоска: Мицкоски велеше дека ќе поднесе оставка…

*Мојсоска: Надзорна расправа ќе има - ниту…

(Видео) Дали парите за рекет од Пулс…

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Поминаа 24 часа…

Многу големи експерти во енергетика: Не работи…

Вториот од трите блока на РЕК Битола…

Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како…

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата…