„Дали судницата се претвори во Струшки вечери на поезијата“: Родителите на загинатите деца во „Пулс“ бараат одговорност, наместо стихови

t

Родителите и блиските на загинатите во дискотеката „Пулс“ денеска повторно го одржаа „Маршот за ангелите“. Маршот почна во 14.05 часот, а колоната тргна од Паркот на револуцијата во Кочани, преку централното градско подрачје продолжи покрај Управата за јавни приходи и полициската станица, за да заврши пред Основниот суд, каде родителите ги повторија своите барања.

Тие велат дека очекуваат правда и судење низ докази и одговорност, а не низ стихови и метафори.

„Дали судницата се претвори во Струшките вечери на поезијата? Дали таму се оди за рецитирање или за вистина? Дали зборовите треба да ја покријат смртта на нашите деца? Затоа што, од тоа го слуша јавноста, може да се помисли дека децата не загинале, дека пожар немало, дека никој не е виновен и дека трагедијата била случајна. Но, вистината е сурова е тешка, нашите деца изгореа живи, во чад и во паника, со крикови за помош што никој навреме не ги слушна. Јавното обвинителство објави дека за предметот има повеќе од 200 гигабајти доказен материјал, вештачења, разговори, аудио и видео снимки, извештаи и анализи. Тоа не се празни зборови, тоа се факти. Тоа се трагите на одлуките и неодлуките, тоа е патот на одговорноста. И покрај тоа, одбраната упорно тврди дека никој не е виновен, а уште пострашено е што слушаме нешто што ја навредува и здравата логика, дека некој од обвинетите не знаел дека во градот постоела дискотека, дека никоја институција немала надлежност“, рече родител на девојка почината во трагедијата во „Пулс“.

Родителите на загинатите велат дека маршевите ќе продолжат, но и дека ќе го следат секое рочиште, се додека, како што акажаа, правдата не излезе на виделина.

Во тек е судската постапка за пожарот во „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Сите 35 обвинети физички лица се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а трите фирми ги отфрлија наводите во обвинението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дали судницата се претвори во Струшки вечери…

Родителите и блиските на загинатите во дискотеката…

Дијана Хрка го напушти просторот пред српскиот…

Дијана Хрка го напушти просторот во близина…

Цело семејство пронајдено мртво во куќа во…

Трочлено семејство од Босна и Херцеговина било…

„Не бараме одмазда, туку правда“ – нов…

Во Кочани денеска се одржа уште еден…

Власта место да смислува изговори да се…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска оцени дека…