Данилов: Членството на Украина во НАТО би било гаранција за безбедноста
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов смета дека полноправното членство на Украина во НАТО ќе претставува сигурна гаранција за безбедноста на таа земја.
-Полноправното членство на нашата земја во НАТО е сигурна гаранција за нашата безбедност. Но, потенцирам, полноправно членство. Сега некои почнуваат да промовираат тези за некаква мешавина, за некакво „меко“ членство и слично. Во современиот свет тоа не функционира така, објасни тој во интервју за РБЦ-Украина.
Гаранција за безбедноста на Украина, според Данилов, на прво место се Украинците, Вооружените сили на Украина и достапноста до модерното оружје.
На почетокот на септември Украина поднесе барање за забрзан пристап во НАТО.
Тогаш генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, истакна дека одлуката за пристапување мора да биде одобрена од сите 30 земји-членки на блокот.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина би сакала да има безбедносни гаранции на патот кон НАТО. Според него, Украина веќе ја покажала својата моќ на бојното поле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…