Објавено на:

Данската премиерка: Трамп не може да ја уценува Европа

t

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата закана за воведување нови царини во спорот околу Гренланд, истакнувајќи дека Европа нема да попушти на притисок.

„Ние не ја бараме оваа конфронтација“, изјави Фредериксен за данската новинска агенција Ritzau, додавајќи дека ја поздравува поддршката и сигналите од другите европски земји. „Европа не смее да биде уценувана“, нагласи таа.

Трамп изрази желба за целосно поседување на Гренланд, автономна територија на Данска, и закани со повисоки царини на низа производи кои ќе останат на сила додека Гренланд не се продаде на САД. Во објава на мрежата Truth Social во саботата, Трамп најави дополнителни увозни царини од 10% кои ќе стапат на сила од 1 февруари за стоки од Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Холандија, Финска и Велика Британија – земји кои се согласиле да учествуваат со персонал на НАТО-овата вежба на Гренланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данската премиерка: Трамп не може да ја…

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска остро го…

Филипче на „кафе“ со Ахмети во Мала…

Широк опозициски фронт за ЕУ во кој…

Осумте земји на кои Трамп им најави…

Осумте европски држави, кои се најдоа на…

Тензии на Средно Водно: Лути скопјани се…

Група граѓани кои денеска чекале ред на…

Бугарија инвестира 10,7 милиони евра во нов…

Бугарската компанија за производство на наносателити ЕндуроСат…