Дарио Ивановски второ место на маратонот во Белград
Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, го освои одличното второ место на маратонот во Белград. Ивановски денеска ја истрча патеката долга 42 километри за 2 часа, 9 минути и 35 секунди, или за 24 секунди послабо од прволасираниот Гемсиса Гудета Гада од Етиопија.
Третото место го освои Кениецот Ерот Јохана со време од 2:09.55.
Ивановски освои награда од 3000 евра за второто место. Првопласираниот Гада освои 5000 евра, и дополнителни 3000 евра за рекорд на патеката.